Loading Video...
Живот
25. August 2024 - 16:40

Основачот на Телеграм зад решетки

Зад решетки заврши основачoт на Телеграм, Павел Дуров.  Уапсен е вчера на аеродром во Франција, откако слетал со неговиот приватен авион.

Според информациите на француските медуми, правосудните органи ќе одлучуваат дали  39-годишниот Дуров, роден во Русија, е виновен оти како извршен директор не преземал ништо за да го спречи на ширењето на содржини кои циркулираат на Телеграм, а се однесуваат на прекршоци поврзани со измама, трговија со дрога, сајбер малтретирање, како и организиран криминал.

По апсењето на сопственикот на Телеграм пристигнаа првите реакции. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова токму преку Телеграм  ги праша западните невладини организации за човекови права дали ќе молчат за апсењето на Дуров, откако ја критикуваа одлуката на Русија да „создаде пречки“ за работата на Телеграм во Русија во 2018 година.

Апликацијата беше забранета во Русија во 2018 година, по претходното одбивање на вчера уапсениот Дуров, да ги предаде податоците на корисниците. Оваа забрана беше повлечена по 3 години.

Неколку руски официјални лица го осудија апсењето на бизнисменот, велејќи дека тоа покажува дека Западот има двојни стандарди кога станува збор за слободата на говорот и демократијата.

Со реакција се јави рускиот амбасадор во Франција. Побара од властите јасно да кажат кои се причините за апсењето на основачот на Телеграм.

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск пак на Твитер споделувајќи ја веста за апсењето Дуров, саркастично напиша дека во 2030 луѓето ќе се погубуваат, ако лајкнат меме. 

Првичната идеја за формирање на оваа социјална мрежа, која својот најголем подем го имаше со започнувањето на руско-украинскиот конфликт, е пренос на информации и ставови на луѓето коишто немаат исти размислувања со властите. Основачот на Телеграм, во интервју за Таклер Карлсон, објаснува за почетоците на нејзиното создавање.

„Јас немав како сигурно да комуницирам, затоа ја сосдадов.13. мин“

Телеграм е особено популарна во Русија, Украина и земјите од поранешниот Советски Сојуз, а има над 900 милиони корисници.

Кај Македонците мрежата, стана популарна во 2020-та, кога се формираше група во која членуваа над седум илјади корисници, а каде се објавуваа фотографии од жени и двојки, нарушувајќи ја нивната приватност. По големиот притисок, креаторите ја затворија.

Една година подоцна, се формираше уште една таква група, но беше затворена по интервенцијата на МВР.