Сива економија во туристичко угостителската дејност
И ова лето засилени инспекциски контроли во главниот туристички центар.Бизнис секторот е прв на удар се чешлаат угостителите,дуќанциите ,трговците и занаетчиите во градот.Најчестите затекнати неправилноста кај половината од нив се однесуваат за неиздавање фискални сметки и неисправни фискални апарати ,еден дуќан пак покрај изречената глоба, доби и забрана за работа.
Се контролираат и оние физички лица кои решија оваа сезона да остварат некој приход од продажба на тезги нудејќи бижутерија,крофни,палачинки ,пченки,пуканки а не се регистрирани.
Добрите поознавачи сметаат дека само со засилени контроли на УЈП,инспекторите на пазарниот, трудовиот и санитарниот инспекторат и заедничка координација може да дојде до сузбивање на сивата економија.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар