Уапсени две лица со алати за провала во подрачјата зафатени од пожарите во североисточниот дел на областа Атика

Во рамките на патролите и зголемените мерки за безбедност во подрачјата зафатени со минатонеделниот пожар во североисточниот дел на областа Атика, грчката полиција уапсила две лица, кај кои биле пронајдени алати за провала и веројатно нивната намера била кражби од оштетените објекти, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција соопштија дека уапсените, на возраст од 35 и 23 години, се превезувале со автомобил во една од населбите зафатени од пожарот, а откако биле оценети како сомнителни и бил извршена проверка на возилото, биле пронајдени и одземени помала количина дрога, како и радиостаница, шрафцигер, копач и импровизирана дрвена палка.
Едниот од уапсените веќе има криминално досие и во минатото издржувал и затворски казни за разбојништва, кражби и поседување дрога.
– Патролите во подрачјата погодени од неодамнешните пожари ќе продолжат со спроведување на превентивни и репресивни активности за спречување на незаконски дејствија како и обезбедување на целата потребна помош и поддршка на жителите, соопштија од грчката полиција.
Во петокот беа приведени околу десет лица, а едно беше уапсено за кражби во оштетените објекти од пожарот а тогаш државната телевизија ЕРТ објави дека станува збор за Роми.
Ново на Сител
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
-

Потврдена епидемија на ебола во ДР Конго
-

Тошковски: Загрижува растот на семејното насилство, но посветени сме за најдобар одговор којшто може да го даде МВР
-

Мицкоски: Реформите се доказ дали сте за Европа, не е само Бугари во Уставот
