Македонија
18. August 2024 - 17:28

Активни 10 пожари, повторно се разгоре во Пробиштип

Жителите на Цер молат за помош – ситуацијата со пожарите е критична. Огнените јазици од едната страна се спуштаат кон Бачило и лесно можат да ги зафатат куќите ако не се интервенира воздушно. Во моментов горат околу 3 хектари шума, а силниот ветер само им го отежнува гаснењето, велат жителите. 

- Состојбата е многу лоша, дува силен ветер, исцрпени се луѓето, од западна старан се спушти на некој 100-тина метри кон Бацило, гори со висок интензитет, а немаме никаква поддршка. Побаравме неколку пари во ЦУК, но еве, помош нема. Гаснеме само ние мештаните, арминијата на неколку места и толку, изјави Мите Мечовски, жител на Цер.

Од Центарот за управување со кризи велат дека силниот дожд попладнево целосно го изгасил пожарот на Галичица. Во моментов активни се 10 пожари, но се реактивиран во Прибиштип.

Ангелов се надева дека пожарот во регионот на Јасен и во викенд населбата Белица ќе биде изгаснат од дождот, а во Делнени, посебно кај село Зрзе повика на внимателност кај жителите.

Инаку, во изминативе 40 дена регистрирани се над 700 пожари, а изгорени се 60 илјади хектари површина. Бројките се алармантни, ова е 10 пати над просекот и двојно повеќе од најцрните години, во 2000 и 2007-та година, велат експертите.

Штетите ќе бидат огромни, посебно еколошките. До сега, за овие 40 дена, испуштени се 90 милиони тони разни опасни честички во воздухот, што значи дека дишеме екстремно загаден водузх, штетен по здравјето на луѓето.