Македонија
17. August 2024 - 12:17

Кривична за две лица кои нападнале полицајци

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(51) и 41 – годишната А.С., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, информира МВР.

Како што појаснуваат од полицијата на 03.08.2024 во Струга, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.