Македонија
12. August 2024 - 16:34

ВМРО-ДПМНЕ е за распуштање на Судски, СДСМ тврди дека е лага

Распуштањето на Судскиот совет останува во фокусот на владејчката ВМРО-ДПМНЕ  Од партијата велат дека препораките на оценската мисија од ЕУ се добредојдени, ама не ги премислува во заложбата за распуштање на советот.. Предлогот го поддржувале граѓаните,  против биле само тие кои имале корист од ниската доверба во правосудните институции.

Евроамбасадор во земјава вчера за Сител рече дека иако распуштањето звучи атрактивно, тоа не може да значи и вистинско подобрување на владеење на правото.. Смета дека 40те препораки предложени од оценскиот тим на ЕУ треба да се основа за реформирање на судскиот совет.

Опозициската СДСМ ја обвини власта дека лаже за намерата да го распушти судски.. Повикувајќи се на информации од медиумите, партијата тврди дека новата влада прифаќајќи го планот за раст усогласен со ЕУ, се согласила да нема распуштање на советот..

„Владата на Мицкоски е фатена во нова лага. Додека јавно вели дека „не се откажува од распуштањето на Судскиот и Обвинителскиот совет“ во официјален документ, потврден од Владата на Мицкоски, се согласила да се менуваат “само членовите на Судскиот совет на кои им е истечен мандатот. По кој пат Мицкоски дома кажува едно, а надвор прави друго? Или пак е решен да не планира да го спроведува Договорот со Европската комисија и да се откаже од реформите?“, велат од СДСМ.

Од владата веќе информираа дека не се откажале од планот за распуштање на судски  и советот на обвинители.. Појаснуваат дека документот на кој се повикува опозицијата е усвоен според постојните закони, и дека во него е предвидено и донесување нов закон за Судски совет, како дел од препораките на оценската мисија.

Министерот за правда пак најави дека секоја планирана постапка за подобрување на состојбите во правосудството ќе оди на јавна дебата.