Loading Video...
Свет
12. August 2024 - 16:30

Преглед на вестите од светот

Повеќе од 670 пожарникари поддржани од доброволци, како и стотици противпожарни возила, авиони и хеликоптери, се борат со големиот пожар кој избувна во близина на Атина.

Согласно информациите на грчките власти брзиот шумски пожар се влошил поради силни ветрови, а утрово се проширил до работ на грчката престолнина. Се запалија дрвја, горат куќи и автомобили. Се извршила евакуација и на неколку болници и десетина градови и села.

Прва помош досега се пружила на 13 лица, но сите се во добра здравствена состојба.

Чадот од пожарот, поради силниот ветер брзо се шири и според податоците од Националната опсерваторија , се простира во должина од над 300 километри.

Стотици шумски пожари избувнаа низ Грција од мај. Додека летните пожари се вообичаени во Грција, невообичаено топло и суво време поврзано со климатските промени ги направи пожарите почести и поинтензивни.

Независни експерти назначени од Светската здравствена организација во среда ќе одлучуваат избувнувањето на вирусот мајмунски сипаници во Африка претставува глобална вонредна состојба.

Експертскиот комитет ќе му даде мислење на генералниот директор на СЗО дали овој вирус претставува вонредна здравствена состојба на меѓународно ниво, како и какви препораки треба да се дадат за да се спречи ширењето на вирусот.

Вирусот мајмунски сипаници е вирусна инфекција која е типична за делови од Африка и се шири преку контакт со заразени животни, како и меѓу членовите на семејството, а се карактеризира со висока температура и појава на гнојни плускавци.

Џо Бајден изјави дека се повлекува од кампањата за реизбор за да може Демократската партија целосно да се концентрира на спречување на поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп да добие втор мандат во Белата куќа.

Бајден, во своето прво интервју по повлекувањето на 21 јули од кампањата за реизбор, кажа дека одлуката ја донел во неговата семејна куќа, кон крајот на јули, само неколку недели по телевизиските дебати со Трамп.

„За мене клучното прашање е сè уште – одржување на оваа демократија… Иако е голема чест да се биде претседател, мислам дека имам обврска кон земјата да го направи она што е најважното нешто што може да се направи, а тоа е дека треба да го победиме Трамп“, кажа Бајден во интервјуто.