Кумановските пожарникари успешно извадија човек кој паднал во бунар
Кумановските пожарникари вечра извадиле човек кој паднал во бунар, во кумановската населба Карпош, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово како и од Територијалната противпожарна единица Куманово.
- Добивме повик од 112 дека човекот пропаднал во длабок бунар од околу 15 метри. Се упативме и со помош на јажиња, појаси, успешно го извлековме човекот и го предадовме на екипа на Итна помош Куманово за натамошно лекување, изјави Сашо Илиевски, командир на смена кој заедно со уште двајца колеги учествувале во интервенцијата
Интервенцијата завршила во 13:50 часот и како што е наведено во дневниот билтен на РЦУК, човекот е во добра здравствена состојба.
Во текот на вчерашниот ден, кумановските пожарникари интервенирале шест пати на опожарена сува трева и вегетација во липковските села Матејче и Отља, во кумановските Речица, Табановце, на „Никуљски пат“ и во село Никуљане.
Пожарникарите од Старо Нагоричане пак гаселе пожар во Челопек на запалено стрниште, сува трева, грмушки и гранки на површина од околу три декари.
Ново на Сител
-
Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија
-
Израелците приведоа ирански „оперативец на терористичката мрежа“
-
Изборниот штаб на Трамп уверен во победа во шест од седум клучни држави
-
Најмалку деветмина загинати во ерупција на вулкан на островот Флорес во Индонезија
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со мала локална облачност, наместа минималната температура ќе се спушти под нулата
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови