Македонија
6. August 2024 - 17:39

Два нови пожара, кај Градманци и кај Негорци каде што огнот се приближува до првите куќи

Покрај досега пријавените, попладнево избувнаа два нови пожари на отворено, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

Првиот е на територијата на општина Петровец, во атарот на с. Градманци, а се движи во насока на с. Катлановска Брезница. Вториот е на територијата на општина Гевгелија, во атарот на с. Негорци каде што огнот се приближи на 50 до 100 метри до првите куќи. Поради загрозеност на луѓе и куќи таму итно е пренасочен еден армиски хеликоптер.