Преглед на вестите од светот
Камала Харис, кандидат на демократите за претседател на САД на номеврските избори го избра гувернерот на Минесота Тим Волц за нејзин потпретседател. Волц, 60-годишен ветеран од Националната гарда на американската армија и поранешен учител, служеше 12 години во конгресот пред стане гувернер на Минесота во 2018 година. Првиот заеднички настап на Харис и Волц е планиран за вечерва на предизборен настан во Филаделфија. Харис која е актуелна потпретседателка на САД, синоќа официјално стана кандидат на демократите во трката за Белата куќа, откако беше избрана преку онлајн-гласање на Демократскиот национален комитет. Таа беше единствениот кандидат. Кај републиканците , сенаторот од Охајо,Џеј ди Венс ќе биде кандидатот за потпретседател на Доналд Трамп.
Хезболах изврши напад со беспилотни летала врз северен Израел, при што се ранети две лица. Мета биле воени бази соопшти либанската милитанта група, нагласувајки дека денешниот напад не е одмаздата која ја најавија за убиството на командантот Фуад Шукр. Израел доправа ке се соочи со нашата казна порача Хезболах. Изарел чека одмазднички напад и од Иран по убиството на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије во Техерен. Според американски разузнавачки информации нападите на Иран и Хезболах може да случат во наредните 24 до 48 часа. Државен секретар на САД изјави дека Вашингтон е ангажиран во интензивна дипломатија за да ги намали тензиите на Блискиот Исток и ги повика сите страни да се воздржат од ескалација.
Ние сме ангажирани во интензивна дипломатија, речиси деноноќно со многу едноставна порака. Сите страни мора да се воздржат од ескалација. Сите страни мора да преземат чекори за намалување на тензиите. Ескалацијата не е во ничии интереси. Тоа само ќе доведе до повеќе конфликти, повеќе насилство, поголема несигурност, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.
Претседателот на Бангладеш, Мохамед Шахабудин, го распушти парламент, создавајќи услови за формирање на привремена влада. На Распуштање на парламентот инсистираа студентските демонстранти кои ги предводеа протестите со кои беше симната од власт Шеик Хасина. Студентите рекоа дека нема да прифатат влада предводена од војската,која од вчера ја презеде власта кратко по остваката на Хасина од премиерката функцијата. Студентските протести почнаа во јули со повици за укинување на квотите за работни места во државните служби, но прераснаа во барања Хасина да се повлече по 15 години на власт.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар