Погребална фирма од САД казнета со 950 милиони долари за лажни кремирања
Американскиот погребален дом „Пенроус“ од Колорадо е казнет со 950 милиони долари на суд, пари што мора да им ги плати на семејствата на починатите затоа што земале пари за кремирање и им дале на семејствата лажна пепел наместо останки.
Би-Би-Си пренесува дека измамата на погребалната фирма била откриена кога биле пронајдени 190 тела во фаза на распаѓање, откако на нивниот имот било пријавена непријатна миризба, што довела до истрага.
Судијата нареди погребалната фирма „Пенроус“ да им плати надомест на семејствата на починатите, но малку е веројатно дека ќе дојде до исплата на сумата бидејќи компанијата е во сериозни финансиски проблеми.
На изрекувањето на пресудата не присуствуваа сопствениците на поребалната форма, а против нив тужба поднесоа повеќе од 100 членови на семејствата на починати.
Сопственикот на бизнисот Џон Холфорд е во притвор, додека неговата сопруга е пуштена со кауција.
Ново на Сител
-
Приведен 18-годишник од Кичево, удрил во пешак кој подоцна починал
-
Поп Ацев е петтиот Македонец што го преплива Ла Манш
-
Сибиха: На Украина ѝ се потребни воени и дипломатски гаранции
-
Сто и петнаесет години од раѓањето на Мајка Тереза - светицата на бедните
-
Без струја делови од Центар и Карпош
-
Доделување на државната награда „Мајка Тереза“
-
Претседателскиот кандидат Хорхе Кирога ќе ги блокира договорите за литиум со Кина и Русија
-
Трамп: Војната во Газа ќе заврши за неколку недели