Македонија
3. August 2024 - 16:33

Чадот од пожарите во Охридско се чуствува во градот

Чадот над селата Опеница и Косел се чуствува и во Охрид во зависност од правецот на ветрот се шири наоколу предизвикувајќи загриженост.

На терен се екипи, а огнот вчера се гасеше и од воздух со три канадери.Според надлежните  со оглед на тоа што дува југозападен ветер состојбата во селото Опеница повторно се влошува но гори на уште три страни во правец на  Косел, Вапила и Расино.Нема опасност од ширење кон населените места и  постојано се  прават појаси со луѓе  за состојбата да се  држи под контрола.

 Волонтерите од Неготино кои учествуваат во гаснењето на пожарот за Охрид се упатиле од 12 часот ноќта се со една цел да им помогнат на своите колеги жалејќи за изгорената шума.

Ѓуро Јовчески од НП Галичица добро зане што значи пожар на отворен простор бидејќи има искуство и учествувал во 65 интервенции на гаснење на пожар.

Инаку синоќа се одржа координација на сите релевантни служби, а Општина Охрид упати апел до граѓаните да се приклучат во гаснењето на пожарите.