Активен пожарот во Старо Нагоричане, стабилна е состојбата во Куманово
Пожарникарите од Старо Нагоричане гасат пожар помеѓу Малотино и Рамно, информираа денеска од територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане. На терен е и полициски хеликоптер. Од пожарот зафатена е и дабова шума, гранки, нискостеблеста шума, но во близина е и борова шума.
- Дејствуваме на пожар помеѓу Малотино и Рамно. Тука се и екипа на „Национални шуми“ се обидуваме да го ставиме пожарот под контрола. Ја очекува поддршката и од припадниците на Армијата. Тука е полицискиот хеликоптер. Пожарот од Враготурце е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ, Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
На подрачјето на општина Куманово нема активни пожари соопшти утрово, командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
- Во општина Куманово нема активни пожари. Контактиравме со месно население од село Кокошиње, селото е безбедно, во моментот нема активни пожари на територија на Куманово, сношти сите пожари се ликвидирани, изјави Илиевски.
И пожарот во Живиње е завршен, екипите се повлечени од терен. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во Кшање и Кокошиње горела деградирана шума.
Инаку, кумановските пожарникари интервенирале во липковските села Лојане и Ваксинце и кај месноста Врело, а делувале и на уште една локација во близина на винарска визба. Според информациите на РЦУК Куманово, во Малотино опожарена е површина од 80-тина хектари деградирана шума, нискостеблеста шума, драка и сува трева.
Ново на Сител
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош
-
Лишени од слобода две лица во Скопје, пронајден кокаин | ФОТО
-
Откупот на тутунот е при крај, родот е преку 20 илјади тони
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари