Македонија
26. July 2024 - 16:37

Поништени пресметките на претходниот балансер, зголемен процентот на Македонци, намален на Албанци

Поништени се пресметките за баласерот во кој влегуваа и граѓаните кои не живеат во Македонија.  Сега се земаат само податоците од резидентното население,  согласно  пописот од 2021 та, каде се зголемува процентот на Македонци,  а се намалува на Албанци.  Министерот за јавна администрација утврдил злоупотреба на вработувањата по етничка припадност во речиси сите јавни институции. Од примените 120 планови за вработување, одобрени се само 5. Останатите се вретени,  по што институциите треба да ги усогласат.

„Измената на процентите на балансер алатката исклучиво се направени согласно Законот за вработените во јавниот сектор, кој претходно не бил испочитуван. Тоа значи дека во пресметката на балансерот како дел од годишните планови за вработување во институциите во јавниот сектор ќе биде вклучен само бројот на резидентното население, а нерезидентното население е исклучено од пресметката на балансерот“ Така, според новите пресметките во годишните планови за вработување во институциите од јавниот сектор се коригираат процентите: Македонци од 54,21% на 58,44%, Албанци од 29,52% на 24,30%, Турци од 3,98% на 3,86%, Роми од 2,34% на 2,53%, Срби од 1,18% на 1,30% и Власи од 0,44% на 0,47%.

Законот за вработени во јавниот сектор до сега не се почитувал, вели Минчев. Во пресметките влегувале и граѓаните кои живеат во дијаспората, па така во институциите,  во погоелм процент од пропашаниот, се вработувале по етнички клуч. Злоупотреби имало и во  министреството со кое раководи Минчев

Во моментов од 100% од 43 до 45% сод вработените се лица  од етничките заедници, што значи дека балансерот е злоупотребен Значи од  100 % , околу 18% до 19 ја имаат злопотребена моноста за  вработување по етнички клуч, додава Минчев.

Владата најави дека вработувањата по етничка припадност ќе ги укинат, но  самиот процес ќе биде во фази. Со тоа , според нив,  ќе  се стави  крај на етничките вработувања, а вработувањата на лицата кои го менуваа својот етникум, само за да влезат на работа, ќе бидат минато.