Економијата ќе биде приоритет во следните 10 години – Политиката ќе се тргне на страна
Бизнисот постигна договор со Власта - ќе се реализира се она што претходно беше ветено. Економијата ќе биде приоритет во следните 10 години, а политиката ќе се тргне на страна.
За возврат – компаниите ќе го поттикнат растот на државата, ќе отвораат нови работни места и ќе даваат повиски плати. Побараа – борбата против корупцијата да продолжи, деловната клима да се подобри, институциите да бидат силни, а помошта кон фирмите да се зголеми.
- Ние сме професионална институција, која ја интересира единствено добар и поволен деловен амбиент, фирмите да остварат профит и да отвораат нови работни места. Тоа е консензусот за кој се залагаме години наназад, додека еден ден во септември 2022 година претседателот Мицкоски не дојде тука со голема делегација, нè поддржа јавно, пред медиумите, и го потпиша првиот документ на нашата декларација од 100-годишнината, со кој се инсистираше, конечно, да се направи во оваа држава голем договор за давање приоритет на економијата во наредните 10 години, изјави Бранко Азески, престедател на Стопанската Комора
Изминативе години биле тешки за бизнисот. Велат дека постојано се вртеле во круг. Сега очекуваат да се издигнат од дното и да станат лидери во регионот. Но, затоа побараа поголема помош за извозните компании, а 250-те милиони евра наменети за општините да не им се префрлаат директно на сметка, тука власта да контролира како ќе се трошат.
- Ние сме први по извоз на кадар, а па производи и прозивдоство нема никаде. Во земјоделието, извезуваме 200 милиони евра храна, а увезуваме една милијрда. Па луѓе, како ќе опстоиме, како ќе се прехраниме?- прашува Петар Спасекси, АСП Пако
- Не сакам да играм во шеста лига, сакам во прва .Овој економски тим, на чело со премиерот, треба да ја повлече економијата напред, бидејќи немаме повеќе шанси. Изминативе години, имавме многу проблеми и се вртевме во круг. Каде и да погледнеме, секаде сме последни. Не сакаме да играме во шеста лига, сакаме во прва, да одиме напред. Треба да плаќаме даноци, да ја спречиме сивата економија, бидејќи ако не го полниме буџетот, нема перспектива. Со Владата сакаме да ја направиме најголемата инвестиција, а потенцијал имаме – истакна сопственикот на ИГМ, Илија Гечев
Премиерот им вети – општините нема да добиваат бланко пари, туку само за завршени проекти. Ќе им легнат на специјална сметка по добиената фактура за завршена работа. Овие пари се очекува да стигнат на есен, но на располагање ќе имаат и нови 100 милиони евра од Европската Инвестициска банка.
- За овие пари размислуваме каматата да ја платиме ние, значи компаниите да ги добијат без камата овие пари. Инаку, само готови проекти со добиената дозвола за градба, што ќе рече со комплетна документација и дури по пристигнатите фактури за завршената работа ќе може да сметаат на овие средства – додаде Мицкоски.
Инаку на 102 годишнината од Стопанската Комора награди добија неколку компании, меѓу кои и премиерот Мицкоски за градење партнерсво и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар