Loading Video...
Свет
24. July 2024 - 19:21

Преглед на вестите од светот

Најмалку 2000 мигранти тргнаа пеш  од јужниот мексикански град Tапачула  кон Соединетите држави на пат долг 3000 километри. Групата, претежно составена од луѓе од централна Америка и Венецуела ќе се обиде да стигне до границата пред претседателските избори во ноември за да побараат азил во САД. Стравуваат  ако  Доналд Трамп биде избран за претседател можно е да го исполни предизборното ветување  дека ке ја затвори границата со М ексико за бараталите на азил.

-Има многу полемики поради реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД. Но, ние веруваме во бога и знаеме дека ќе ги добиеме нашите дозволи за миграција што ќе ни овозможат да останеме во сад се додека американската влада ни дозволува.

„Барам од владата на САД да ни даде можност и азил. Ние нема да крадеме; одиме таму да работиме. Ние сме искрени луѓе со сон. Запомнете, ние сме движечката сила на Соединетите држави. Мигрантите ја вршат најтешката работа во САД.

Новата  национална анкета на „Ројтерс“и ИПСОС, покажаува дека потпретседателката на САД Камала Харис има мала предност пред Доналд Трамп во трката  за белата куќа. Харис  има поддршка од 44 насто од гласачите наспроти 42 проценти за Трамп.