Македонија
22. July 2024 - 16:38

Реакции за работата на ДКСК

ДКСК треба да се залага за намалување на привелегиите на функционерите, а не да бара дипломатски пасоши сметаат граѓанските здруженија. Од платформата на граѓански организации прашуваат за каква заштита или привилегии им се потребни дипломатските патни исправи. Во однос на најавите дека ќе известат за  постапувањето на претходниот состав сметаат дека нивното работење има кој да го оценува, тоа не е обврска на ДКСК.

Актуелната претседателка на ДКСК демантира дека било доведено во прашање работењето на нивните претходници. Димитровска за Сител тврди дека во однос на диплматските пасоши не станува збор за дискреционо право, туку законот им овозможува да добијат и тој ќе се користи исклучиво за службени патувања. Реагираше дека се дезинформации наводите дека ДКСК барале службени возила за членовите.

Низа критики пристигнаа и од поранешни антикорупционери но и од доскорешниот состав на  комисијата, кои велат дека и без дипломатски пасоши и службени возила успевале да стигнат на време да работат а најголем доказ за тоа се оценките од ЕУ.