Ќе донесе ли пари претседателката на ЕБОР, која утре доаѓа во земјава?
Претседателката на Европската банка за обнова и развој , Одил Рене Басо утре доаѓа во земјава. Ќе донесе ли дел од најавените 750 милиони евра, кој Европската Комисја ни ги вети во мај? Согласно Планот за раст на земјите од Западен Балкан, за побрзо членство во Унијата, Комисјата одобри пакет вреден 6 милијарди евра. Од овие пари за нас се предвидени 750 милиони –кои треба да се искористат во следните 4 години. Првата транша од 52,5 милиони евра или 7% од предвидеиот пакет требаше да стигне крајот на јуни, но поради изборите во Европскиот Парламент, парите не се исплатија. Вчера премиерот најави дека преговорите се при крај, а парите ги очекуваат во септември.
При крј сме со преговорите со Европската Комисјата за кредиот од 750 милиони евра,пари кои треба да се искористат вос ледните 4 години. Првата трансша се очекува да стигне во спетмеври, изјави вчера Мицкоски
Инаку ова ќе биде 2 посета на Одил Рене Басо во земјавата. Првата беше во мај годинава. На официјалнат страна на ЕБОР најави дека ќе се сретне со владини претставници и бизнисот.
Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции,,,напиша Рене. До денес банката има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти во државата.
Инаку во септември се очекуваат и најавените 250 милиони евра поддршка за компаниите. Каматата од укараинскиот заем ќе изнесува 3,25%, со 3 години грејс период и 12 години рок на отплата. Парите ќе се делат преку Развојната банка до деловните, а за да ги користат фирмите в ќе треба да имаат годишен раст повисок од 5% од висната на инфалциајата и заедно да овторат нови 5,000 работни места годишно. До сега, пак, фирмите имаат на располагање и пари од ЕИБ. Повечлени се 7 кредини линии вредни 75 милиони евра. Последната ,од 5,1 милион евра е целосно искористена и се преговараше за нови 100 до 150 милиони евра. Каматат за нив е 3,5% , 2 години грејс период и 12 рок на отплата.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар