Македонија
21. July 2024 - 16:29

Граѓаните се жалеле од обвинителите, испратиле 176 претставки

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција е адреса каде најчесто пристигнуваат поплаки за неговата работа. Ова го покажува годишниот извештај на Советот на јавни обвинители за минатата година. Од вкупно 176 претставки дури половина се однесувале на обвинителите кои се борат со криминалот и корупцијата.. Следни на листата се обвинителите од Битола, Прилеп, Крушево.

Според статистиката на обвинителскиот совет, најмногу претставки добивале од физички лица, идентичен број по 17 имале фирми и анонимни пријавители.

Извештајот пак открива дека најголемо незадоволство од работата на обвинителите имаат оштетените.. Се жалеле на неажурноста, времетрањето на постапките и отфрлањето кривични пријави.

Осомничените и обвинетите според статистиката малку се жалеле од постапувањето на обвинителите. Во 17 случаи пријавиле дека јавните обвинители се нестручни, а постапката која ја водат била тенденциозна.

Сепак извештајот не открива како завршиле овие претставки од граѓаните за работата на обвинителите. Од Советот велат дека имале врзани раце бидејќи постапките за утврдување одговорност се водат во повисоките обвинителства.

Според извештајот на Советот за 2023, лани во Македонија работеле 142 обвинители.