Агим Красниќи екстрадиран од Косово, вратен во штипскиот затвор
По четири години бегство, Агим Красничи е вратен во затвор. Во текот на вчерашниот ден бил екстрадиран од Косово, а заедно со него пристигнал и Сехат Рамадани кои се осудени за повеќе кривични дела поврзани со тероризам, киднапирање, изнуда , насилство. Красничи е сместен во штипскиот затвор, каде ќе треба да одлежи уште три години затвор од вкупно 15те на кои беше осуден.
Недостапен за македонските власти Красниќи стана во 2020та. Користел слободен викенд па не се вратил во затвор. Македонската полиција распиша меѓународна потерница, а Во Април годинава, косовските власти го уапсиле во Урошевац.
Тој беше водач на т.н „кондовска група“ кога пред 20тина години го зазедоа селото Кондово и заробија неколку полицајци. Групата беше разбиена, а Красничи седна на обвинителна клупа. Одговараше за подготвување тероризам, но доби ослободителна пресуда бидејќи немало докази кои го опишуваат кривичното дело.. Апелациониот суд случајот го врати на повторено судење, а во меѓувреме против Красничи беа поднесени и други обвиненија кои му донесоа вкупна затворска казна од 15 години.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар