Пожарот во Неготинско го зафати и ридот со ендемично лале
Пожарот во Неготинско го зафати и ридот со ендемично лале, подрачје под заштита на локалната самоуправа, реагираат неготинци.
- Орлов баир, ридот што ја преживеа една од најтешките битки во Првата светска војна, ридот на кој живее ендемичното лале - тулипа маријана, не ја преживеа неспособноста на 21 век, е коментарот објавен на Фејсбук.
Велат дека се работи за флористичкиот локалитет Орлово Брдо кај Криволак, каде што се регистрирани ендемични растителни видови, како што се Марианово лале (Tulipa mariannae), Македонски хердисарум (Hedysarum macedonicum), Јуришичева жалфија (Salvia jurisicii) и други. Прогласен е за споменик на природата, како објект што има ретки македонски ендемити.
Во 2019 година, екологисти реагираа дека не сакаат најавена депонија за индустриски отпад на Криволак, загрижени за единственото заштитено подрачје на природата во Неготино, Орлово брдо.
Ново на Сител
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава