Три од децата ќе бидат пуштени дома
Тројца од вкупно четворицата малолетници кои во петокот беа донесени на Клиниката за токсикологија ќе бидат пуштени на домашно лекување, а едниот ќе остане на дополнителни иследувања.
- Кај тројца малолетници, параметрите се задоволителни и ќе бидат пуштени. Еден од пациентите ќе остане заради дополнителни иследувања, изјави попладнево за МИА, директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев.
Четирите малолетници од кои двајца во бесознание беа пронајдени во куќата на 40-годишник и донесени на Клиниката за токсикологија. По извршените испитувања беше утврдено присуство на психоактивни супстанци.
Основното јавно обвинителство - Скопје во саботата информираше дека е донесена наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишникот, кој се сомничи за тешки дела против здравјето на луѓето. Според Обвинителството, осомничениот со децата консумирал алкохол и во текот на вечерта извадил лекови, што ги користел за одвикнување од зависност од алкохол и кои им ги понудил да ги испијат за подобро расположение. Тој им дал да испијат поголемо количество од лековите во комбинација со алкохол, иако бил свесен за штетната последица и ги оставил во сериозно влошена здравствена состојба што самиот ја предизвикал.
Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта во четвртокот пристигнале во куќата на 40-годишниот Д.Ѓ. во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица.
Четириесегодишникот е приведен и ги потврдил исказите од малолетните лица. Тој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.
- Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д.Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти. Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале и при тоа се здобиле со повреди, информираа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана
-
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
-
АП Брера Струмица дебитира во младинската Лига на шампиони
-
Грција ќе забрани издавање нови дозволи за краткорочно изнајмување во центарот на Атина
-
Втор уписен рок за прва година на УКИМ, слободни места има на речиси сите факултети