ЦУК: Активни пет пожари, врз коишто утрово се дејствува и со воздухопловна поддршка
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 26 пожари на отворено во последното деноноќие и од нив активни утрово се водат пет.
-Активните пет пожари се во општините - Неготино во атарот на с.Калањево (каде што гори ниска вегетација и шума); Ново Село над с.Бадилен, месност „Шамок“ (борова шума); Гевгелија, помеѓу с.Негорци и Кованец (мешовита шума); Долнени, над с.Црнилиште (нискостеблеста вегетација) и во Општина Штип, помеѓу селата Драгоево и Селце, месност „Хаџи Реџепли“ (каде што гори ниска вегетација и грмушки). Од рано утрово веќе се дејствува по активните пожари и како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хеликоптер започна со дејство врз пожарот на планината Серта додека полицискиот хеликоптер се подготвува да полета, а два авиона на ДЗС е планирано да полетаат кон Серта во 10 часот, велат од ЦУК.
Изгаснатите 21 пожар се во општините - Центар, Чучер Сандево, Студеничани, Шуто Оризари, Бутел, Петровец, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари, Сарај, Битола, Прилеп, Долнени, Долнени, Струга, Струга, Градско Кочани, Штип, Тетово и во Општина Богданци.
Во јули 2024 до сега, заклучно со 12.07.2024 година, имало вкупно 173 пожари на отворен простор од пошироки размери.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности
-
Путин и Ким Џонг-ун ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември
-
Жрепката за Лигата на шампиони денеска во Монако
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“