Македонија
12. July 2024 - 16:38

Се полнат местата во пониските ешалони

Седум заменик министри за коалицијата „Вреди“ и уште двајца за ЗНАМ. Коалиционите партнери ја направија поделбата на ресорите во вториот ешалон.

БЕСА И Движењето на Меџити вчера објавија дека Седат Слејмани оди за заменик во култура, Сафие Шаини во новото министерство за спорт, Љуљзим Алиу за образование, Муамет Ахмети во МВР и Каљтрина Зеколи во транспорт и врски.

Од редовите на ЗНАМ нови заменик министри ќе бидат Мирослав Лабудовиќ за енергетика и Радослав Царџиски за дигитална трансформација.

Останатите места треба да ги пополни ВМРО-ДПМНЕ од својата коалиција. Во јавноста кружат многу имиња но од партијата до овој момент не може да се добие потврда за ниту едно од нив. Новите заменик министри се очекува да се најдат на собраниска седница по враќањето на премиерот од САД во периодот меѓу 20 и 23 јули

Во меѓувреме се полни и третиот ешалон. Партијата на Стоиљковиќ утрово објави дека нивни кадар ќе биде нов директор на Железници инфраструктура. Станува збор за поранешниот заменик министер за транспорт и врски Дејан Кошутиќ.  Нови директори од денеска имаат и три клиники во Скопје како и болницата во Струмица.