Кривична за Мерко за бесправно градење
Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко ќе се соочи со обвинение откако Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 11 лица лица и едно правно лице за бесправно градење на објект кај базенот на хотелот Дрим.
Според наводите на обвинението, фирмата и нејзиниот управител во мај 2019 година поднеле барање за целосна реконструкција на постојниот базен на хотелот Дрим врз основа на основен проект изготвен во 2016 година.
Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко кој е третообвинет во овој случај, постапувајќи по барањето, наместо да го одбие или да дозволи реконструкција во постојниот габарит на објектот, во јули 2019 донел одобрение за градба со кое на инвеститорот му овозможил да изгради и да се стекне со имотна корист од близу 800.000 евра.
Останатите обвинети во предметот се вештаци од областа на градежништвото, архитектурата и урбанизмот кои давале лажни наоди и мислења во кривичната постапка за бесправно градење.
Ново на Сител
-
Нема листа на метар, малку независни
-
Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
-
Путин: Русија ги поддржува иницијативите на кинескиот лидер за глобално управување
-
Утре умерено облачно, в среда и четврток наместа со дожд и грмежи
-
Герасимовски: Воведуваме бесплатен оброк за сите ученици од прво до четврто одделение од следната година
-
Нетанјаху: Договор за делумно примирје и ослободување на заложниците не е на маса
-
При судар на два трактори повредени пет лица, меѓу кои две малолетни
-
Дизелот поскапува за половина денар