Угинати риби во Брегалница, извршен инспекциски надзор
Во Делчево денеска е извршен инспекциски надзор по појавата на изумрени риби регистрирана вчера попладне во долниот тек на река Брегалница. Според одговорниот инспектор Љупчо Симоновски, заради малиот број угинати риби, се работи за поединечен случај најверојатно предизвикан од прекумерна употреба на хемиски препарати при извршување на земјоделски работи.
- Можно е и рибокрадство, но во вакви случаи може да дојде и при прекумерна употреба на хемиски препарати за време на извршување земјоделски работи. Од друга страна во долниот дел на река Брегалница немаме некои поголеми индустриски капацитети, заради што не може да се каже дека станува збор за помор на риби, вели Симоновски.
Од Спортското риболовно друштво „Брегалница" Делчево апелираа да се истражи причината, алудирајки, дека појавата се повторува речиси секое лето.
Изумрените риби во текот на река Брегалница вчера беа регистрирани од страна на сточари кои вршеа испаша на домашни животни во долниот тек на река Брегалница кај Делчево.
Ново на Сител
-
Претрес во Штип, приведен дилер
-
ИДФ: Убиен е Махмуд ал-Мабух , командант на единицата за дронови на Хамас во Газа
-
Во Берово најстудено, во Гевгелија најтопло
-
Полициска акција во струмичко-гевгелискиот регион - се очекуваат детали од МВР
-
Седумнаесет години од загинувањето на Тоше Проески
-
Судскиот совет ќе разгледува барања за исклучување на јавноста во постапки за одговорност на судии
-
Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче
-
Предлог-измените на Законот за домување на комисиска расправа