ЈСП Скопје: Приватните автобуси ќе возат согласно возниот ред, долгот ќе се сервисира според договореното

Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, приватните превозници ќе продолжат да возат согласно со возниот ред, а долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија непосредно по неговото именување на чело на претпријатието, соопштија попладнево од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Приватниците и Кушовски денеска одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот, а во меѓувреме, како што наведуваат од ЈСП, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван.
Дел од приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје бараа финансии за да можат да продолжат да ги услужуваат граѓаните со своите возила. Тие најавија дека до петок како предупредување ќе возат само до 10 часот изутрина, а потоа ќе одлучат што ќе прават понатаму.
Ново на Сител
-

Најмалку едно лице загина при нови напади на Хутите врз саудиските аеродроми
-

Македонскиот борач Топузовски освои бронзен медал на меѓународно натпреварување во Италија
-

Премиерот Мицкоски и министерот Николоски на почеток на изградба на автопатот Букојчани - Кичево
-

Манчестер Сити го освои Енфилд и остана со максимален ефект
-

Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига
-

Облачно со повремен локален дожд
-

Зеленски: Не сум запознаен со „енергетското примирје“, но Украина е подготвена да го прифати
-

Охриѓанец го загубил животот откако неговото кану се превртело во Охридското Езеро
