ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година
Европска Унија денеска го продолжи периодот на привремена заштита на украинските бегалци до 4 март 2026 година.
– Русија од ден на ден го тероризира украинскиот народ со своите бомбардирања. Оние кои бегаат од руската агресија можат да продолжат да сметаат на нашата солидарност, изјави белгиската државна секретарка за бегалци и миграција Никол де Море, која претседава со преговорите за продолжување на мерката.
Украинците кои побегнаа во ЕУ по руската инвазија во 2022 година, беа под итна заштита откако неколку земји-членки на ЕУ воспоставија режими за привремен прием за големи маси луѓе. Постојните планови обезбедуваа заштита до март 2025 година.
Предлогот има за цел да се избегнат долгите национални процедури за азил при обработката на случаите на голем број раселени лица. Луѓето под привремена заштита имаат право на социјална помош, засолниште, пристап до образование и работна дозвола меѓу другото.
Европска комисија објави дека речиси 4,2 милиони Украинци во моментов живеат во ЕУ според овие правила, а најголемиот број луѓе се примени во Германија – 1,2 милиони.
Ново на Сител
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски