Израел ги укинува визите за Косовците
Израел и Косово денеска во израелската амбасада во Приштина ќе го потпишат договорот за слободно движење без визен режим на граѓаните од двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што објави израелската амбасада, на официјализирањето на овој договор, кој беше постигнат уште во јануари годинава, ќе присуствува и министерот за внатрешни работи на Израел, Моша Арбел.
– Со задоволство ве покануваме на приемот што го организира Нејзината Екселенција г-ѓа. Тамар Зив, амбасадорка на Државата Израел во Република Косово, при што ќе го одбележиме Денот на независноста на Израел и Договорот за укинување на визите за косовските граѓани, се вели во соопштението.
На 29 јануари годинава, претседателката на Косово, Вјоса Османи објави дека Израел се согласил да ги укине визите за граѓаните на Косово.
Оваа одлука на Израел, која е последната земја која ја призна независноста на Косово пред околу три години, беше речено дека ќе стапи во сила по потпишувањето на договорот.
– Во оваа насока двете надлежни министерства ќе продолжат со процедурите на потпишување на договорот и граѓаните ќе бидат известени веднаш штом одлуката стапи во сила. Преку овој договор граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во Израел за туристички цели, се вели во тогашното соопштение од кабинетот на Османи.
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан