Аризанов: Лозарите задоволни од скратувањето на рокот за исплата на грозјето
Лозарите се задоволни од скратувањето на рокот за исплата на грозјето од шест на три месеци, рече попладнево во Кавадарци Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари „Агротиквешија”.
- Оваа одлука е многу на место, се согласуваат лозаропроизводителите со кои разговарав овие неколку дена, веднаш по донесувањето на најновото решение околу законскиот рок за исплата на грозјето. Винарските визби кои сакаат да откупуваат грозје, според мене, треба да си подигнуваат кредити и да го исплатуваат откупениот род најбрзо што може или 30 дена по откупот. Доста веќе лозарите ги кредитираат винарите, изјави Аризанов.
Тој кажа дека околу 50 проценти од грозјето откупено изминатата сезона е платено.
- Има винарии кои целосно го исплатија грозјето, но и такви кои воопшто не почнале со исплата. Апсолутно некоректно од страна на некои винарници бидејќи веќе се во тек работите во лозјата за новата реколта, а сето тоа бара финансиски средства. Ние во наредниот период, како и досега, ќе настојуваме исплатата да биде што побрза, порача тој.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг