Екологисти од Струмица ќе ја подигнуваат јавната свест за уништување на шумите
Екологисти и рекреативци од Струмица покренуваат иницијатива за намалување на дивата сеча во шумите. Преку работилници и обуки во кои учествуваат претставници од државните институции, експерти и граѓански организации имаат намера да ја подигнат јавната свест за значењето на шумите и штетите што се предизвикуваат од непланското сечeње на истите. Свесни се дека тоа е проблем кој не може да се искорени, но веруваат дека со поголема едукација и заеднички активности на сите релевантни чинители може да се намали.
Според екологiстите, најголемиот проблем е што граѓаните и покрај тоа што често ги знаат кои се дрвокрадците ретко имаат храброст да пријават.
Иницијатор на едукативните работилници е здружението Еко тур логистик, а истите се реализираат во рамки на проектот ,, Зачувување на шумата , инвестиција во иднината. Проектот е финансиран од министерството за животна средина и просторно планирање.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар