Приведени пет странски работници, немале пријавено престој во државата
Полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ и државен инспектор за труд вчера извршиле контрола на градилиште над демиркапиското село Дрен.
Како што информира денеска МВР, при контролата, на градилиштето биле затекнати С.В.(47), А.Х.(33) и А.Р.(60), сите од Република Турција, при што било констатирано дека престојуваат спротивно на целта, односно биле работно ангажирани за фирма од Скопје без да имаат одобрение за престој врз основа на вработување.
Поради сомнение за сторен прекршок по член 217 став 1 од Закон за странци лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово.
Полицијата вчера, во 12.45 часот, на земјен пат од село Дрен кон истото градилиште извршила контрола на патничко возило „дачиа дастер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ц.(34), а сопатник бил М.З.(28), двајцата од Народна Република Кина. Притоа било констатирано дека двајцата немаат пријавено престој во државата, односно постапиле спротивно на член 190 став 3 од Законот за странци.
Лицата биле приведени во Полициската станица за граничен надзор Михајлово.
- Против турските и кинеските државјани е поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка, а од Основен суд Неготино изречени им се глоби од по 200 евра и мерка за доброволно враќање во рок од седум дена, се вели во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
-
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството
-
Иран и Израел продолжуваат со меѓусебните напади, нема знаци за деескалација
-
Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип
-
Утрово Иран започна четврти бран напади врз Израел
-
Почнува уписот во средните училишта, од денеска прво електронско пријавување
-
Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ