Реал Мадрид го објави трансферот на Килијан Мбапе
Реал Мадрид официјално објави дека големата ѕвезда на Пари Сен Жермен и Франција, Килијан Мбапе ќе биде фудбалер на 15-кратниот европски првак. 25-годишниот фудбалер пристигнува на слободен трансфер откако не сакаше да го продолжи договорот со парижаните, кој истекува на крајот на месецот.
Според информациите, француската фудбалска суперѕвезда првично ќе го носи дресот со број 9 во својата прва сезона, а подоцна ќе го добие неговиот омилен број 10, кој моментално го носи легендата Лука Модриќ.
Мбапе влезе во големиот фудбал со Монако пред да се пресели во ПСЖ на позајмица во 2017 година со задолжителна откупна клаузула за тогаш рекордна сума од 180 милиони евра, која беше платена следната година.
Мбапе освои шест титули со ПСЖ и четири Купа на Франција, два пати Лига купот, три пати францускиот Суперкуп, а има и едно загубено финале во Лигата на шампионите. Со „петлите“ стана светски шампион во 2018 година во Русија, а четири години подоцна стигна до финалето на Светското првенство во Катар, освојувајќи ја Лигата на нации во 2021 година. Моментално Мбапе е капитен на Франција и досега во репрезентацијата има 77 натпревари и 46 голови.
Мбапе е избран за француски фудбалер на годината (три пати), како и за играч на годината во Лига 1 (пет пати). Во последните шест години тој постојано беше стрелец број 1 во француското елитно првенство.
Ново на Сител
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
-

Поскапува парното во Скопје, новите цени важат од 1 август
-

Ќерката на Гоце Тодоровски: Уште кога си замина кумац Ванчо, замина и дел од тебе, сега барем знам дека сте заедно
-

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје на 30 и 31 јули
-

МВР воведува брзи тестови за дрога кај возачите – резултат за 10 минути
-

Осум дена притвор за Словенец кој ја нападнал 21-годишната девојка во Охрид
