Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
Естонската премиерка Каја Калас денеска изјави дека Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната.
-Не треба да се препуштиме на песимизмот. Победата во Украина не е само територија. Ако Украина влезе во НАТО, дури и без одредена територија, тогаш тоа е победа бидејќи ќе биде ставена под чадорот на НАТО, посочи Калас во интервјуто. со Би-Би-Си.
Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.
-Доколку секоја земја на НАТО го направи тоа, Украина ќе победи, посочува Калас.
Естонија, мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, е уверена дека откако ќе завршат борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе го сврти своето внимание кон Балтикот, барајќи да ги врати земјите како Естонија под контрола на Москва
Ново на Сител
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-
Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор
-
Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади
-
Сончево и топло со мала локална облачност