Путин: Оружјето со долг дострел за Киев може да има „сериозни последици“ за Европа

Рускиот претседател, Владимир Путин и се закани на Европа со сериозни последици доколку на Украина и се дозволи во иднина да користи прецизно оружје со голем дострел доставено од Запад врз руска територија.
-Тие претставници на НАТО, особено во Европа и особено во малите земји, треба да разберат со што си играат, рече Путин на крајот од неговата државна посета на Узбекистан.
Тој навести дека Русија може да преземе воени контрамерки и рече дека особено помалите земји не треба да заборават дека нивните територии не се големи и дека се густо населени.
Путин, кој ја започна руската агресивна војна против Украина пред повеќе од две години, го обвини Западот дека продолжува со ескалацијата.
-Современите вооружени системи како што е ракетниот систем ATACMS не се управувани од украински војници, туку од висококвалификувани експерти на НАТО врз основа на податоци од сателитски извидувања, тврди тој.
Досега тоа оружје главно беше насочено кон украинската територија окупирана од Русија.
Ново на Сител
-

Вчера констатирани 1065 сообраќајни прекршоци, 716 за брзо возење
-

Од недела дожд и пониски температури
-

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети се повлекува
-

Премиерот на Сингапур: На светот му се заканува глобален економски хаос
-

Одложено рочиштето против мотоциклистот кој смртно прегази пешак во близина на Паркот на Франкофонијата
-

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е во паника дека СДСМ ќе освои повеќе општини отколку тие во 2017
-

Димитриевски: Повеќе од јасно е дека Куманово сака да продолжам да го водам и натаму
-

ВМРО-ДПМНЕ: 10:1 е соодносот со СДС по освоени општини во првиот круг
