-->
-->
На училиште го исмејувале поради дебелината, сега девојките лудуваат по него!
-->
Остин Шифлет денес изгледа како модел по кого девојките воздивнуваат, но за таков изглед морал добро да се намачи.На училиште го нарекувале дебел бидејќи килограмите непреќинато му се зголемувале се додека не достигнале до 150, пишува Деили Меил. Бил зависен од брза храна и газирани пијалоци. Тоа му го нарушило здравјето па докторите му рекле дека нема долго да живее доколку продолжи со тој начин на исхрана.
Започнал со Аткинсонова диета и килограмите почнале да се намалуваат. Откако за 3 месеци изгубил 35 килограми, започнал да оди во теретана и да гради мускулна маса. Денеска има околу 75 килограми и изгледа тотално непрепознатливо.
Остин вели дека губењето на прекумерната тежина му помогнало во подобрување на здравствената состојба, како и животот: "Многу ми помогна во врска со девојките. Претходно не сакаа да разговараат со мене. Сега некои кои ме малтретираа сакаат да им дадам совети за вежбање - тоа е најдобриот дел."
Тој сега гради кариера како машки модел, сепак вели дека не е злопамтило и дека не замерува на никој кој го исмејувал. Тоа му помогнало само да го реши својот проблем и да го промени животот од темел.







-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
-

Бесплатен влез на натпреварите на Македонија за најмладите фудбалери
-

Зеленски побара од Трамп да воведе санкции против руски и кинески компании што изготвуваат нова сателитска мрежа
-

Мицкоски: Охрабрени сме од пораките од Фон дер Лајен, но не и од ставот за уставните измени
-

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра
-

Македонското пиво годинава со двојно поголем извоз од увозот - најмногу се пие во Косово и Албанија
-

Македонските репрезентативци пред нов предизвик – Шкотска гостува во Скопје
-

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг
