Нова промена на цените на горивата
Малопродажната цена на дизел горивата од ноќеска на полноќ се намалува за 1,5 денари за литар, а бензините поскапуваат за еден до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 отсто.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,5 денари за литар и ќе изнесуваат по 76 денари за литар. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, пак, се зголемува за еден денар за литар и ќе изнесува 87,5 денари за литар, додека малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,5 денари за литар и ќе биде 90 денари.
Со одлуката на РКЕ за 0,252 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,554 денари.
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,608 отсто, кај дизелот има намалување за 5,088 отсто, кај екстра лесното масло за 4,799 и кај мазутот намалувањето е за 1,138 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,618 отсто.
Ново на Сител
-
На ГП Табановце за влез и излез од државата се чека по околу половина час
-
Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива избран на вонредниот конгрес во Куманово
-
Кратово блесна во полн сјај на првата фестивалска вечер од ЗЛАТНИ ДЕНОВИ КРАТОВО 2024 | ФОТО
-
МВР го барала да го уапси, а тој пробал да лета преку аеродромот во Скопје
-
Повреден германски параглајдерист - Летал над Крушево
-
ДКСК: Го следиме именувањето на в.д. директори во државните институции, ќе реагираме ако има неправилности
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени