Австриската полиција потврди дека детето на видето во Виена не е малата Данка

Австриската полиција рано утринава објави ново соопштение за Данка Илиќ (2) и снимените две Романки, кои беа поврзани со исчезнувањето на девојчето, бидејќи со нив беше снимено дете кое физички наликуваше на малата Данка. Имено, австриската полиција исклучи каква било поврзаност на Романките од видеото и Данкa Илиќ.
– Забележувајќи ја сличноста меѓу девојчето и двегодишното исчезнато дете во Србија, тој направи видео од трите лица и го сподели со српските власти. Со оглед на тоа што роднините, по прегледувањето на сликите, изјавиле дека најверојатно станува збор за исчезнатото девојче, фотографиите биле објавени од страна на државната полициска управа на Виена на 3 април 2024 година, по налог на Јавното обвинителство на Виена. Сега е разјаснет идентитетот на лицата од сликите и воспоставен е контакт со нив. Врз основа на истрагата и придружните факти, јасно и без никакво сомневање може да се исклучи врската меѓу лицата прикажани на објавените фотографии и исчезнатото девојче од Бор. Виенската државна криминалистичка полиција ја продолжува истрагата за осомниченото киднапирање деца – се вели во соопштението на австриската полиција.
Ново на Сител
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
-

Јемен испали ракета кон Израел
-

Зеленски: Украина преговара со земјите од Блискиот Исток за набавка на дизел
-

Без вода делови од Стајковци и Сингелиќ
-

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
