Македонија
2. March 2016 - 16:50
Пронајден хероин во стан во Гостивар
10-тина пакувања со хероин полицајците од Гостивар р ги нашле во станот на 30 годишник од градот.
Претресот е направен со судска наредба.
Покрај сопственикот на станот внатре бил и 41 годишник од Равен.
-Со соодветна пријава за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотички дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, двајцата ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Полицијата во 2015 година во Гостивар бележи 46 случаи на недозволена трговиај со дрога.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
