Првиот чартер лет со американски државјани кои бегаат од Хаити слета во Мајами

Чартер лет со десетици американски граѓани кои бегаат од неконтролираното насилство на бандите на Хаити слета во неделата во Мајами, објавија американските медиуми, повикувајќи се на Стејт департментот.
Во чартер-летот имало повеќе од 30 американски државјани, се вели во соопштението на властите.
Летот пристигна на меѓународниот аеродром во Мајами откако американската амбасада во Порт-о-Пренс претходно овој месец ги повика американските граѓани да заминат „што е можно поскоро“, бидејќи Хаити е зафатен од хаос.
Главниот аеродром во Порт-о-Пренс останува затворен по нападите на бандите кои беснеат на Хаити со недели и доведоа многу луѓе на работ на глад.
Викендов, владините и хуманитарните агенции пријавија грабеж на хуманитарни резерви бидејќи ситуацијата се влошуваше.
Стејт департментот во саботата објави дека ќе понуди ограничени чартер летови за американските граѓани од помалку хаотичниот северен град Кап Хаитиен.
Официјалните лица рекоа дека не можат да обезбедат копнен превоз до Кап Хаитиен и дека граѓаните на САД треба да размислат за чартер летови само ако веруваат дека можат безбедно да стигнат до аеродромот Кап Хаитиен.
Ново на Сител
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
-

Трамп: Израел не ме убеди да го нападнам Иран, тоа беше моја одлука
-

Министерство за здравство: Пациентите со ретки болести непречено и во континуитет ја примаат потребната терапија
-

Уапсени две лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без дозвола, еден возел во спротивна насока
-

Уписите на првачињата почнуваат во мај
-

Трамп: Денеска ќе биде потпишан договор со Иран
-

ДНК на судијата Ѓоко Ристов најдена на заѕиданите 350.000 евра
