Свет
15. March 2024 - 8:03

Нетанјаху не го прифаќа предлогот на Хамас за ослободување заложници во замена за палестински затвореници

Предлогот вклучува во првата фаза ослободување на израелски жени, деца, постари и болни заложници во замена за ослободување на 700-1. 000 палестински затвореници.

Потоа, тој  предвидува ослободување и на 100 палестински затвореници кои отслужуваат доживотна казна затвор во израелските затвори, во замена за ослободување на израелските „жени регрути“.

И на крајот треба да следи одредување на рокот и датумот за израелско повлекување од Газа, се наведува во предлогот од Хамас.