Херојот за Атлетико: Мора да имате среќа при пеналите
Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше важен за успехот на неговата екипа во пенал рулетот против Интер во осминафиналето на Лигата на шампионите.
Покрај тоа што беше стабилен во текот на целиот меч, Словенецот одбрани два удари на противникот при пеналите на крајот. Призна дека имал и среќа.
-Отсекогаш сум велел дека и во пеналите треба да имаш среќа затоа што треба да го избереш вистинскиот агол. Треба да ја избиеш топката, но ако противникот шутира совршено, не можеш ништо. За среќа, денес јас успеав да ги спасам, но поважно е што победивме и се пласиравме во четвртфиналето“, вели Облак.
Како и неговиот тренер Диего Симеоне претходно, голмано им оддаде чест на навивачите на „црвено-белите“ и ја потврди нивната улога во победата над Интер.
-Атмосферата беше фантастична, како и секогаш дома. Навивачите, стадионот никогаш не нè изневериле. Можеме да потфрлиме, но тие не. И денес тие имаа важна улога и многу ни помогнаа", додаде голманот по мечот.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка