Во Берово -3, во Дојран измерени 6 степени
Најниска температура утрово е измерена во Берово - 3, додека највисока со 6 степени во Дојран.
Според УХМР, 0 степени се измерени во Битола и Попова Шапка, 1 степен во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Маврови Анови, Охрид, Претор, Прилеп и Струмица, два во Демир Капија и Велес, три степени во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Гевгелија, Кавадарци, Куманово и Крушево и 4 степени во Виница.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m2) е 5 Крива Паланка и 2 Крушево.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини има појава на слаба магла. Дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.
Ново на Сител
-
РСЕ: Унгарија и Словачка вршат притисок врз Брисел за списокот на санкции против Русија
-
За осум месеци 138 жртви по патиштата во Албанија
-
Сиљановска Давкова: Уставните судови не се под јурисдикција на соседни политичари
-
„Лидл“ гради објект и во Аеродром, најавено ново поглавје во малопродажбата
-
Филипче бара итно декласифицирање на документите за следење на комуникациите на новинари и политичари
-
Приведени двајца турски државјани на ГП Деве Баир, приложиле фалсификувани зелени карти за возилата
-
Приведени три лица од тетовско барани по потерници за издржување затворски казни
-
Изминатите два дена 1103 сообраќајни прекршоци