КФОР демантира дека им забранил на политичари од власта пристап во северно Косово

Мисијата на НАТО во Косово, КФОР, соопшти дека се целосно неосновани гласините дека нејзините припадници имаат налог да ги спречат одредени косовски службеници да патуваат на северот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Соопштението на КФОР уследи откако новинарот Фитим Чеку ден претходно на социјалната мрежа „Х“ објави дека наводно на 31 припадник на владејачката партија, Движење самоопределување (ВВ), мисијата на НАТО им забранила да ги посетат областите во северно Косово населени со мнозинско српско население.
Чеку објави дека дошол до документација, односно список со имињата на политичарите во Приштина на кои КФОР наводно им ја изрекол оваа забрана.
– Ексклузивно: НАТО на пратениците и на одредени министри на ВВ им го забрани влезот на северот на Косово!, напиша Чеку, повикувајќи ги новинарите да го контактираат КФОР за повеќе информации.
Во заглавието на списокот што го објави Чеку, на англиски јазик пишува „Да не им се дозволи пристап“, а во продолжение се имињата и презимињата на политичарите.
Во соопштението испратено до медиумите, КФОР целосно ги демантира наводите на косовскиот новинар.
– Мисијата КФОР предводена од НАТО сака да појасни дека гласините кои кружат на социјалните мрежи дека КФОР им забранува на некои косовски претставници да патуваат на северот на Косово се неосновани, се вели во реакцијата.
КФОР наведува дека оваа мисија никогаш не се меша во слободата на движење на поединци низ Косово.
– Продолжуваме да обезбедуваме безбедна и сигурна средина за сите заедници кои живеат во Косово, во согласност со нашиот мандат од ОН, во секое време и непристрасно, нагласи КФОР, потсетувајќи дека мисијата на НАТО е „третата линија на безбедносен одговор во Косово“, по косовската полиција и мисијата на ЕУ за владеење на правото, ЕУЛЕКС.
Ново на Сител
-

Пет земји од ЕУ предлагаат привремено ограничување на правото на глас за идните земји членки
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
