Ховениер кај Османи на разговори за забраната на српскиот динар во Косово

Претседателката на Косово Вјоса Османи го прими денеска американскиот амбасадор в земјата, Џефри Ховениер, со кого разговарала за ситуацијата настаната по стапувањето во сила на Регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на српскиот динар како средство за плаќање во земјава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на службата за информирање на косовското Претседателство, на средбата на Османи со американскиот дипломат се разговарало за последните случувања во земјата, „со посебен осврт на предлозите кои нудат одржливи решенија за транзицискиот план за имплементација на регулативата на ЦБК“.
„Разговарајќи за различните аспекти на билатералната соработка, претседателката Османи ја повтори длабоката благодарност за постојаната поддршка на САД за суверенитетот, уставноста и територијалниот интегритет на Косово“, се наведува во соопштението.
Меѓу другото, во соопштението од Кабинетот на Османи се вели дека на средбата се разговарало и за „соработката во однос на меѓународната агенда во наредните месеци, како и за соработката во областа на одбраната“.
На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единствено евро валута, со што се укинува употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социјална помош и други придонеси на косовските Срби.
ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употрабата на динарот.
Реакциите од САД беа нарочито остри, до толку што помошникот американски државен секретар, Џејмс О’Брајан изјави дека одбивањето на Приштина на барањата на Вашингтон во однос на забраната на динарот го доведува во прашање партнерството меѓу двете држави.
Ново на Сител
-

Мицкоски: СДСМ и Левицата нека ги повлечат амандманите за Изборниот законик, ги поднесоа за да го спречат гласањето во дијаспората
-

Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: Безбедноста на пациентите не е загрозена, а состојбата е целосно под контрола
-

МВР објави оглас за прием на 200 ученици во Средното полициско училиште
-

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар
-

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
-

Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
