Македонец убиен со шише од пиво во центарот на Есен, Германија

Во саботата вечерта, околу 2 часот по полноќ, триесет и двегодишен Македонец бил убиен од страна на двајца Еритрејци во германскиот град Есен.
Германските медиуми пренесуваат дека смртоносниот напад се случил среде центарот на градот.
Двајцата Еритрејци, едниот на 25 години, другиот на 29 години, првично се расправале со Македонецот, а расправијата прераснала во тепачка. Според информациите на тамошните медиуми, Еритрејците го тепале Македонецот со пивско шише додека тој не колабирал. Осомничените сторители потоа побегнале кон главната железничка станица.
Му била пружена прва помош и сведок на настанот се потрудил да го реанимира повредениот на лице место, кој веќе не бил при свест.
„Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време поради сериозните повреди“, изјавил портпаролот на полицијата.
Поради добриот опис на сведокот, полицијата успеала да уапси еден осомничен (25) на железничката станица во Есен, а другиот (29) на железничката станица во Милхајм.
Се уште е нејасна причината за нивната расправија. Комисија за убиство сега го истражува случајот под раководство на јавното обвинителство во Есен.
Ново на Сител
-

Мисајловски: Следува нова ера во модернизацијата на македонската Армија
-

В недела продолжува судењето за корупција против Бенјамин Нетанјаху
-

За шест години во албанските затвори починале 139 осуденици, повеќето од здравствени причини, а 12 извршиле самоубиство
-

ЈО и ДЗР: Зајакнување на соработката за заштита на јавниот интерес
-

Трамп бара конкретни чекори од НАТО за Ормуската Теснина
-

Иран го ограничи преминот низ Ормуската Теснина на 15 бродови дневно
-

Мерц: Израелските напади врз Либан го загрозуваат примирјето со Иран
-

Мицкоски: И покрај историски најголемиот обем на криза, Владата се справува прилично стабилно
