-->
-->
АБА: Сутјеска обвинува за „местенки“
-->
Првиот човек на Јадранската кошаркарска лига (АБА), Жарко Чабаркапа побара од првиот човек на КК Сутјеска, Дарко Перовиќ да достави докази со кои би ги потврдил своите наводи дека во АБА лигата има наместени мечеви.
Перовиќ во интервјуто за подгоричкиот весник „Вијести“ обвини дека екипата на Мега Лекс го наместила мечот со Крка минатиот викенд кој словенечкиот тим го доби со 74-57 и изрази сомневање во регуларноста на уште неколку средби, Игокеа - Мега Лекс, Мега Лекс- Олимпија, Металац - Олимпија и други.
Чабаркапа побара докази од КК Сутјеска и истакна дека во спротивно раководството на лигата ќе преземе мерки за санкционирање на неговиот испад и заштита на угледот на Јадранската лига но и на споменатите клубови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Македонскиот јазик е многувековен, тој е нашиот бедем и неспорен идентитет
-
Премиерот на Романија, Чолаку поднесе оставка
-
Пад на цените на нафтата поради одлуката на ОПЕК
-
Трамп и Ердоган телефонски разговараа за Украина, Сирија и Газа
-
Околу 20 маскирани лица упаднале во универзитетски кампус во Атина
-
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше избркан од САД поради обид да влезе на вечера на Трамп со лажен идентитет
-
Заврши средбата Мицкоски Таравари, разговорите продолжуваат
-
Шпанските обвинители започнаа истрага за смртта на околу 4.500 Шпанци во нацистичките логори на смртта