Македонија
10. February 2024 - 9:06

Собранието ги разреши министрите Меџити и Алиу

Собранието по повеќечасовна расправа пред полноќ ги разреши двајцата министри на Алијансата за Албанците, Фатмир Меџити за здравство и Азир Алиу за информатичко општество.

За разрешувањето гласаа 62 пратеници, немаше ниту против ниту воздржани.

Меџити и Алиу се дел од крилото на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари. Нивното разрешување го побараа органите на Алијансата каде мнозинство има поранешниот лидер Зијадин Села. Предлог за нивно разрешување дојде од премиерот на техничката влада Талат Џафери.