Советот за безбедност на ОН во среда ќе ја разгледа одлуката на Меѓународниот суд на правдата

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска соопшти дека во среда ќе ја разгледа одлуката на Меѓународниот суд на правдата, кој го повика Израел да спречи каков било можен чин на „геноцид“ во Газа. Состанокот ќе се одржи во 16 часот по локално време, на барање на Алжир.
Алжирското Министерство за надворешни работи соопшти дека состанокот треба да даде „обврзувачки ефект на одлуката на Меѓународниот суд на правдата за привремените мерки наметнати на израелската окупација“.
Највисокиот суд на Обединетите нации вчера не нареди прекин на огнот во Појасот Газа, но побара од Израел да ги преземе сите мерки за да ги спречи неговите сили да извршат геноцид во палестинската енклава.
Процесот против Израел за геноцид го покрена Јужна Африка, која побара од Меѓународниот суд на правдата да му нареди на Израел да ја прекине својата воена операција во Појасот Газа.
Меѓународниот суд на правдата одлучи да не го отфрли случајот и нареди шест таканаречени привремени мерки за заштита на Палестинците во Газа.
Израел ги отфрла обвинувањата за геноцид и бара од судот да го стори истото.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
