Бојан Костадиновски од Куманово го извади светиот крст во соборниот храм „Свети Никола“
Дваесет и едногодишниот Бојан Костадиновски од Куманово го извади светиот крст во Соборниот храм „Свети Никола“.
- Успех и здравје на сите. Трет пат скокам, им посакувам здравје на сите. На сите нека им даде Господ здравје, среќа и радост, бериќет дома. Би сакал многу успеси оваа година, да има здравје па друго ќе си дојде само. Ме мотивираше да скокам за здравје и среќа и очекувам оваа година да ми биде успешна, изјави Костадиновски.
Од свештенството на Соборниот храм доби икона и свет крст, како и пригодни подароци од локалната бизнис-заедница.
Претходно, во Соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици. И во останатите цркви во Куманово се фрлаше светиот крст.
Водици се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Ново на Сител
-
Kaj 22-годишна девојка пронајдени три кеси марихуана | ВИДЕО
-
Трамп најави средба со Путин во Саудиска Арабија
-
За 15 дена регистрирани над 15.300 земјотреси меѓу островите Санторини и Аморгос
-
Одлуката за ограничување на маржите на седница на Влада, се очекува да опфати над 100 групи производи
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Градоначалникот на Тирана останува во притвор
-
Кина предлагала да биде домаќин на средбата Трамп-Путин
-
Променливо облачно со повремен локален дожд, во планинските региони со снег